Сите вести [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

Година
Категорија

  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 21.5.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за учество на семинар

    Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска, заедно со судиите Мирјана Василевска, Дијана Димитрова, Фани Илиевска и судскиот советник Верица Гавровска-Петровска, учествуваа на семинарот на тема „Обука на судиите за имплементација и спроведување на даночното законодавство во Албанија, Македонија и Косово“, во Струга, организиран од КПМГ, Министерство за финансии на Луксембург, Европска банка за реконструкција и развој и Академија за судии и јавни обвинители Павел Шатев, Скопје. За работењето на оваа работилница, присутните судии и советници добија Сертификат издаден од Партнер, ревизија и консултантски услуги КПМГ во Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, Скопје. [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 14.5.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Соопштение

    Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска, во деновите од 09.05.2018 до 13.05.2018 година, беше во работна посета во Анкара и Истанбул, по покана на Г-ѓа Zerrin GÜNGÖR, Претседател на Државниот Совет на Република Турција, заедно со Претседателот на Управен суд Бурим Сејдини. На овој симпозиум, Претседателот на Виш управен суд оствари контакти со Претседатели на Врховни судови и на Уставни судови и тоа од земјите Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Алжир и Кувајт. При работните средби се разговараше и за состојбата на Управното судство во овие земји, како и во Република Македонија. Се разменија работни искуства кои се значајни за подобрување на работата и интегритетот на Управното судство во Република Македонија. [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 07.5.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за присуство на Претседателот на Меѓународна конференција

    На ден 07.05.2018 година, Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска, беше присутна на меѓународна конференција „Правните потреби на маргинализираните заедници во Република Македонија“, одржана во Скопје по повод 25 години од постоење на Фондација Отворено Општество. Целта на конференцијата беше пред се да се истакне важноста од користењето на податоците од истражувањата за правните потреби на граѓаните при креирање политики за еднаков пристап до правда со фокус на маргинализираните и сиромашните граѓани. [повеќе]
  • Известувања, Соопштенија за јавност  | 27.4.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Соопштение

    Претседателот на Виш управен суд, Лидија Ивановска и Судија Фани Илиевска остварија работна посета во Загреб, Република Хрватска организирано од Центар за правни истражувања и анализи,Скопје, во деновите од 23-26 04.2018 година. При тоа, беше овозможена посета на Уставен суд на Република Хрватска,Врховен суд на Република Хрватска,Висок управен суд на Република Хрватска,Жупаниски суд Загреб во Загреб и Висок трговски суд на Република Хрватска во Загреб. Темата на средбите, беше запознавање на македонските судии со судската пракса на судовите во Република Хрватска и со нивниот систем за водење на евиденција на судска пракса во нивниот автоматски систем “СУПРА НОВА и ИНТРА НЕТ”.Македонските судии беа запознаени со начинот на можноста за пребарување на донесени одлуки во овие системи,кои се инсталирани во судовите.Се остварија контакти со судиите од погоре наведените судови,чие задолжение е да ги евидентира донесените одлуки од страна на судиите во системот и да утврдат дали постои отстапување во донесување на одлуките во судската пракса.Објавени се на ИНТРА НЕТ 1.100.000 одлуки,а судиите имаат пристап во овој систем по пат на користење на идикатори,индекси,правни прописи и и.т.н.Со пребарување можат да ги најдат сите одлуки, кои се донесени од страна на хрватското судство.Се води уредна евиденција на европската пракса,на одлуките донесени од страна на судот од Луксембург и од страна на судот во Стразбург.Од страна на судовите во Република Хрватска, редовно се објавуваат Билтени со судска пракса,сентенци,објавени од страна на “Народне новине” Република Хрватска. [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 02.4.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Соопштение

    На ден 28.03.2018 година Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска и Судија Загорка Тноковска учествуваа на завршната конференција на проектот "Зголемен јавен надзор на комисијата за спречување на корупцијата,во Скопје,организирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка! [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 28.3.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Соопштение

    На ден 27.03.2018 година Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска присуствуваше на завршната конференција "Каков Судски совет му е потребен на македонското општество?"одржано во Скопје,организирана од Институтот за човекови права,Скопје. [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 16.3.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за Билтен бр.13

    На ден 16.03.2018 година Вишиот управен суд објави Билтен бр.13. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 08.3.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Соопштение

    Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска, оствари работна средба со Искра Андреева,советник за демократија и добро владеење и Елена Готоска,претставник на PWC ,на тема:Утврдување на фактичката состојба во Управното судство во Република Македонија. [повеќе]
  • Новости, Соопштенија за јавност  | 08.3.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Соопштение

    Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска и судиите Загорка Тноковска и Рина Исени,присуствуваа на дводневна работна сесија која се одржа во Скопје,заради усогласување на мислења и коментари од судството во однос на Предлог измените на Законот за судови и Законот за Судски совет на Република Македонија,организиран од Здружение на судии на Република Македонија и Организација за безбедност и соработка во Европа -мисија во Скопје. [повеќе]
  • Известувања, Соопштенија за јавност  | 24.1.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Оглас

    Се поканува странката Џемајли Арифи од Тетово,да се јави на приемното одделение на Вишиот управен суд за да прими писмо-барање за уредување УПОВ.бр.30/2017 од 17.05.2017 година. Ако во рок од 8 дена странката не се јави ќе се смета дека доставувањето е уредно извршено. [повеќе]

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_