Во Врховниот суд на Република Северна Македонија се формирани четири судски оддели:
- Оддел за казниви дела,
- Оддел за граѓански дела,
- Оддел за судење во разумен рок и
- Оддел за судска практика.
Работите од својата надлежност, Врховниот суд на Република Северна Македонија ги извршува преку:
- советите,
- седницата на одделите,
- заедничката седница на одделите,
- седницата на судиите и
- општата седница.
Врховниот суд на Република Северна Македонија на општа седница:
- утврдува начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единството со примената на законите од страна на судовите во рок од три месеци, но не подолго од шест месеци по сопствена иницијатива или по иницијатива на претседател на суд или по иницијатива на седниците на судиите или судските оддели од судовите или по иницијатива на адвокати и ги објавува на веб страницата на Врховниот суд,
- дава мислења по предлози на закони и други прописи кога со нив се уредуваат прашања од значење за работата на судовите,
- разгледува прашања во врска со работата на судовите, примената на законите и судската практика,
- донесува деловник за својата работа,
- донесува програма за работа на судот,
- поднесува предлог до Судскиот совет на Република Северна Македонија за времено упатување на судија во друг суд,
- донесува кодекс на судиска етика за судиите и судиите поротници, на предлог на здружението на судии,
- може да поднесе барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност на
судија или претседател на суд,
- поднесува иницијатива за поведување на постапка пред Судскиот совет на Република
Северна Македонија за утврдување на трајно загубена способност за вршење судиска функција,
- именува членови на Советот за одлучување по жалба против одлука донесена од Судскиот совет на Република Северна Македонија, согласно со закон,
- решава по барања за заштита на законитоста против одлуките на своите совети,
- одлучува по барање за изземање на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија,
- го разгледува извештајот за својата работа и извештаите за работата на судовите во Република Северна Македонија од аспект на ажурноста и квалитетот на работата, донесува заклучоци по нив и одговорен е да го следи нивното спроведување и
- врши и други работи утврдени со закон.
(2) Начелните ставови и начелните правни мислења што ги утврдува Врховниот суд на општа седница се задолжителни за сите совети на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
(3) Утврдените начелни ставови и правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единство во примената на законите од страна на судовите Врховниот суд задолжително ги објавува на веб страницата.
(4) Врховниот суд на Република Северна Македонија доставува Годишен извештај за својата работа, до Судскиот совет на Република Северна Македонија најдоцна до крајот на февруари тековната година за претходната година.
Закон за судовите (Сл.весник на РМ бр.58/2006)
Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.35/08)
Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.150/10)
Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.83/18)
Законот за дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.198/18)
Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РСМ бр.96/19)
Деловник за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија (Сл. весник на РСМ бр.14/22)
Правилник за начинот на функционирање на информатичкиот систем во судовите во Република Северна Македонија (Сл. весник на РСМ бр.13/24)
Внатрешните процедури за одделни процеси при управувањето со движењето на предметите во ВСРСМ (Линк)
Внатрешни процедури за ефикасно и ажурно постапување и одлучување за предметите од јавен интерес (Линк)
Внатрешни процедури за работата на Општата седница (Линк)
Внатрешни процедури за работа во Кабинетот на претседателот на ВСРСМ (Линк)
Процедура за заштитено внатрешно пријавување во ВСРСМ (Линк)