Претседателката на Врховниот суд оствари работни посети на сите судови во државата [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд оствари работни посети на сите судови во државата

News  |  Sep 23, 2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари работни посети на сите апелациони и основни судови, како и на Управниот и Вишиот Управен суд.

      

 

Со посетите на судовите се овозможи непосреден увид на состојбите и проблемите со кои се соочуваат судовите, а кои предизвикуваат реперкусии во нивното функционирање.

Воедно, посетите имаа за цел да се унапреди соработката помеѓу судовите во Република Северна Македонија, заснована на принципите за независност на судството од законски, функционален и финансиски аспект.

Во таа насока, во рамки на посетите беше истакната потребата од континуирана соработка, надминување на проблемите со човечките ресурси и недостигот на судии и судска администрација, потребата од ефикасно и ажурно постапување по предметите, особено по предметите од висок јавен интерес и донесувањето на внатрешни процедури за работата на судовите.

Исто така, беше нагласена потребата од унапредување на транспарентноста согласно начелата за отворено судство, ажурното подготвување на проектите за капитални инвестиции, архивското работење и начинот на функционирање на информатичкиот систем во судовите.

Претседателите на пониските судови го истакнаа значењето на работните посети и ги поздравија заложбите на Врховниот суд и претседателката Адеми, нагласувајќи дека на таков начин се унапредува взаемната соработка и се дава поддршка на целокупниот реформски процес.

На работните посети беше заклучено дека постои неопходна потреба од конкретен план, итни мерки и институционална координација за да се надминат проблемите со кои се соочуваат судовите.

Извештаите од посетите на пониските судови ќе бидат разгледани на Општа седница на Врховниот суд и ќе бидат доставени до Судскиот совет на Република Северна Македонија.

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_