Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Соопштенија за јавност
|
21.10.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи Општа седница на ден 27.10.2022 година (четврток), со почеток во 14,00 часот, со следниот предлог на:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење поднесена од Друштвото за експлоатација и преработка на гранит и мермер КАРИКА ДОО Прилеп преку полномошник Зоран Гичев, адвокат од Штип.
2. Давање мислење по Предлог - Правилник за содржината и начинот на прибирање на податоците за родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство во судовите и по Предлог - Правилник за содржината и начинот на прибирање на податоците за родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство во јавните обвинителства, доставени од Министерството за правда.
Врховен суд на Република Северна Македонија