Новите измени на Деловникот за работата на Врховниот суд се објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Новите измени на Деловникот за работата на Врховниот суд се објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“
Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека новите измени и дополнувања на Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 26.09.2024 година се објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Измените и дополнувањата на Деловникот стапуваат во сила осмиот ден од објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија.“
Во новите измени на Деловникот, се пропишува дека дека Општите и проширените општи седници на Врховниот суд на Република Северна Македонија се јавни.
За одржувањето и за дневниот ред на општите седници јавноста се информира преку соопштение на веб страницата на судот и известување до средствата за јавно информирање.
Јавноста во работата на Општата седница се обезбедува и со присуство на претставници на средствата за јавно информирање.
Исто така, јавноста во работата на Врховниот суд се обезбедува и со јавност на Општата седница.