Новите измени на Деловникот за работата на Врховниот суд се објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Новите измени на Деловникот за работата на Врховниот суд се објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“

Новости, Соопштенија за јавност  |  30.9.2024
Јавноста во работата на Врховниот суд се обезбедува и со јавност на Општата седница.

 

 

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека новите измени и дополнувања на Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 26.09.2024 година се објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Измените и дополнувањата на Деловникот стапуваат во сила осмиот ден од објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија.“

Во новите измени на Деловникот, се пропишува дека дека Општите и проширените општи седници на Врховниот суд на Република Северна Македонија се јавни.

За одржувањето и за дневниот ред на општите седници јавноста се информира преку соопштение на веб страницата на судот и известување до средствата за јавно информирање.

Јавноста во работата на Општата седница се обезбедува и со присуство на претставници на средствата за јавно информирање.

Исто така, јавноста во работата на Врховниот суд се обезбедува и со јавност на Општата седница.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_