Билатерална средба на Претседателот на Врховниот суд на РСМ со ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Албанија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Билатерална средба на Претседателот на Врховниот суд на РСМ со ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Албанија

Соопштенија за јавност  |  17.3.2022
Делегација на Врховниот суд на Република Северна Македонија предводена од Претседателот на судот Беса Адеми, во состав од Заменикот на претседателот и претседател на Одделот за казниви дела судијата Цветанка Периќ, претседателот на Одделот за судска практика судијата м-р Снежана Бајлозова, претседателот на совет на Одделот за граѓански дела судијата Шпенд Деваја и шефот на Кабинет на претседателот м-р Лидија Таневска Јадровска, на 16 март 2022 година, оствари билатерална средба со ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Албанија г-дин Сокол Садуши.

На средбата Претседателката Адеми, ја потенцираше важната улога на Врховниот суд во правосудниот систем, самостојноста и независноста на судовите како основа за владеење на правото и посветеноста кон обезбедување на правна сигурност и правна предвидливост во заштитата на правата на граѓаните како приоритет во агендата на судството во процесот на интеграција во Европската Унија.

На средбата се разменија мислења и искуства во насока на надминување на сличните проблеми и предизвици со кои се соочуваат судовите во двете земји, се идентификуваа добри практики и идеи во насока на функционирање на институциите и усвојување на европски стандарди за правда со цел подобрување на перцепцијата на јавноста за судството.

На крајот на средбата, беа афирмирани взаемни заложби за продлабочување на соработката на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Врховниот суд на Република Албанија.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_