Билатерална средба на Претседателот на Врховниот суд на РСМ со ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Албанија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Билатерална средба на Претседателот на Врховниот суд на РСМ со ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Албанија
На средбата Претседателката Адеми, ја потенцираше важната улога на Врховниот суд во правосудниот систем, самостојноста и независноста на судовите како основа за владеење на правото и посветеноста кон обезбедување на правна сигурност и правна предвидливост во заштитата на правата на граѓаните како приоритет во агендата на судството во процесот на интеграција во Европската Унија.
На средбата се разменија мислења и искуства во насока на надминување на сличните проблеми и предизвици со кои се соочуваат судовите во двете земји, се идентификуваа добри практики и идеи во насока на функционирање на институциите и усвојување на европски стандарди за правда со цел подобрување на перцепцијата на јавноста за судството.
На крајот на средбата, беа афирмирани взаемни заложби за продлабочување на соработката на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Врховниот суд на Република Албанија.