Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ДНЕВЕН РЕД
1. Утврдување и усвојување на конечен текст на Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
2. Расправа по иницијатива за утврдување на начелно правно мислење, поднесена од Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија преку адвокат Ангел Шоптрајанов и адвокат Никола Шоптрајанов од Скопје.
3. Расправа по реферат по доставен допис од Јавно претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Кичево.
4. Давање мислење по барање на Претседателот на Апелационен суд Штип за распоредување на судии од еден во друг оддел.
5. Мислење за Годишниот распоред за работа на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2022 година.
6. Давање мислење по барање на Претседателот на Основен суд Велес за распоредување на судии од еден во друг оддел.
По одржана расправа Општата седница:
По првата точка на дневниот ред го утврди конечниот текст и го усвои Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
По втората точка на дневниот ред донесе заклучок дека не се исполнети законските услови да се расправа по иницијативата, бидејќи не постои различна примена на законот.
По третата точка на дневниот ред донесе заклучок дека Врховниот суд на Република Северна Македонија нема расправано ниту го има променето ставот за донесениот Заклучок од страна на Апелационите судови.
По четвртата и шестата точка на дневниот ред даде позитивно мислење за распоредување на судии од еден во друг оддел.
По петтата точка на дневниот ред прибави мислење од судиите за Годишниот распоред за работа на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2022 година.