Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со раководителот на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со раководителот на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје
На работната средба се говореше за унапредувањето на соработката на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Програмската канцеларија на Советот на Европа, а во насока вклученоста на Врховниот суд во проектите кои се реализираат од страна на Програмската канцеларија, а кои се посветени на применување на стандардите на Советот на Европа.
Претседателката Адеми истакна дека Врховниот суд на Република Северна Македонија посветува големо внимание во примената на стандардите на Советот на Европа, директното применување на Европската конвенција за заштита на човековите права и практиката на ЕСЧП, како и дека соработката со Програмската канцеларија ќе има исклучителен придонес во заедничките заложби за владеење на правото.
Претставниците на Советот на Европа ги поздравија заложбите на Врховниот суд на Република Северна Македонија и активностите кои ги презема за унапредување на судската практика и примената на европските стандарди, нагласувајќи го значењето од взаемната соработка на тој план.