По повод Европскиот ден на правдата, ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ во посета на Врховниот суд
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
По повод Европскиот ден на правдата, ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ во посета на Врховниот суд
Во Врховниот суд учениците имаа можност непосредно да се запознаат со надлежностите, работата и организацијата на највисокиот суд во државата, како и со неговата улога и активности за остварувањето на правдата и владеењето на правото.
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, на учениците им порача дека правното образование доколку е нивна понатамошна определба треба да го градат со многу посветеност и дека тие како генерација ќе ја претставуваат иднината на правниот систем и на правосудните институции.
Учениците истакнаа дека посетата на Врховниот суд за нив е многу корисна и инспиративна и дека понесуваат одлични искуства и ново едукативно знаење за функционирањето на судот, особено во поглед на единството во примената на законите, судската практика и примената на стандардите на Европскиот суд за човековите права.
25 октомври е Европски ден на граѓанската правда што секоја година се одбележува во сите држави на Европа. Целта на одбележувањето на денот е правдата да се доближи до граѓаните и за таа цел правосудните институции организираат отворени денови.