Средба на Претседателот на ВСРСМ Беса Адеми и Шефот на Делегацијата на ЕУ во РСМ, Aмбасадорот Дејвид Гир
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Средба на Претседателот на ВСРСМ Беса Адеми и Шефот на Делегацијата на ЕУ во РСМ, Aмбасадорот Дејвид Гир
За време на средбата се разменија мислења и се дискутираше за главните точки споменати во Извештајот по однос на поглавјето 23 во делот за судството и владеењето на правото во насока на надминување на детектираните слабости и унапредување на состојбите во судството.
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија искажа благодарност за официјалното предавање на Извештајот во Врховниот суд на Република Северна Македонија и за конструктивните забелешки во истиот. Воедно истакна дека Врховниот суд на Република Северна Македонија превзема активности во насока на подобрување на независноста на судството, владеењето на правото и подобрување на конзистентноста на судските пресуди и хармонизирање на судските практики.
На средбата, се констатираше дека е неопходно во наредниот период да продолжи заедничкиот дијалог за приоритетни реформски чекори за постојано зајакнување на независен, квалитетен и ефикасен судски систем со почитување на основните вредности на Европската Унија за владеење на правото и почитувањето на човековите слободи и права.