Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  20.4.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 18.04.2022 година (понеделник) одржа електронска Општа седница преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

 

 

ДНЕВЕН РЕД
 

1. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Кирил Стојановски преку адвокатско друштво Апостолски од Скопје.

2. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Ниѓаил Мерџаноски од Струга.

3. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Одделот за пензии, права од пензиско инвалидско осигурување, царина, концесии и јавни приватни партнерства како и други сродни права на Управниот суд.

4. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Кристина Бачовска Синколи од адвокатско друштво Бачовска Синколи Адвокати од Скопје.

5. Одлучување по барање за повторување на прекршочна постапка и барање за заштита на законитоста, поднесено од правното лице СТ-МЕС ДООЕЛ Скопје, против решенија донесени од страна на Комисијата за одлучување по прекршок при Агенцијата за храна и ветеринарство.

6. Одлучување по барање за повторување на прекршочна постапка и барање за заштита на законитоста, поднесено од правното лице СТ-МЕС ДООЕЛ Скопје, против решенија донесени од страна на Комисијата за одлучување по прекршок при Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

По одржаната расправа, Општата седница:

 

По првата точка на дневниот ред донесе заклучок дека има потреба за утврдување на начелно правно мислење поради невоедначена судска практика.

По втората точка, по третата точка и по четвртата точка донесе заклучок дека не произлегува потреба за утврдување на начелно правно мислење бидејќи нема невоедначена примена на законите.

По петата точка и по шетстата точка донесе решение да го отфрли како недозволено Барањето за заштита на законитоста бидејќи не е поднесено од овластено лице и донесе решение да го отфрли Барањето за повторување на прекршочната постапка бидејќи Општата седница не е надлежна за одлучување по барање за повторување на прекршочна постапка.

Заклучоците од Општата седница на Врховниот суд ќе бидат објавени на веб - страницата на судот.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_