Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ДНЕВЕН РЕД
1. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Кирил Стојановски преку адвокатско друштво Апостолски од Скопје.
2. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Ниѓаил Мерџаноски од Струга.
3. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Одделот за пензии, права од пензиско инвалидско осигурување, царина, концесии и јавни приватни партнерства како и други сродни права на Управниот суд.
4. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Кристина Бачовска Синколи од адвокатско друштво Бачовска Синколи Адвокати од Скопје.
5. Одлучување по барање за повторување на прекршочна постапка и барање за заштита на законитоста, поднесено од правното лице СТ-МЕС ДООЕЛ Скопје, против решенија донесени од страна на Комисијата за одлучување по прекршок при Агенцијата за храна и ветеринарство.
6. Одлучување по барање за повторување на прекршочна постапка и барање за заштита на законитоста, поднесено од правното лице СТ-МЕС ДООЕЛ Скопје, против решенија донесени од страна на Комисијата за одлучување по прекршок при Агенцијата за храна и ветеринарство.
По одржаната расправа, Општата седница:
По првата точка на дневниот ред донесе заклучок дека има потреба за утврдување на начелно правно мислење поради невоедначена судска практика.
По втората точка, по третата точка и по четвртата точка донесе заклучок дека не произлегува потреба за утврдување на начелно правно мислење бидејќи нема невоедначена примена на законите.
По петата точка и по шетстата точка донесе решение да го отфрли како недозволено Барањето за заштита на законитоста бидејќи не е поднесено од овластено лице и донесе решение да го отфрли Барањето за повторување на прекршочната постапка бидејќи Општата седница не е надлежна за одлучување по барање за повторување на прекршочна постапка.
Заклучоците од Општата седница на Врховниот суд ќе бидат објавени на веб - страницата на судот.