Соопштение
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение
Соопштенија за јавност
|
04.5.2020
На 28 април 2020 година преку електронска комуникација, Врховниот суд на Република Северна Македонија учествуваше на Регионална округла маса на тема „Последиците од пандемијата КОВИД-19 врз човековите права и владеењето на правото„ организирана од Директоратот за човекови права и владеење на правото, при Совет на Европа.
На настанот учествуваа 67 судии, обвинители, владини агенти, омбутсмани и други почитувачи на човековите права. Учесниците беа од шест земји од блиското соседство и регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Турција).
Целта на настанот беше да се отпочне со континуирана дискусија за предизвиците во справувањето со пандемијата на КОВИД-19 со фокус на стандадите на Советот на Европа и Судот во Стразбур во врска со здравјето, слободата на движење, почитувањето на приватноста и заштитата на личните податоци.