Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
|
19.10.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 19.10.2021 година (вторник) одржа електронска Општа седница преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Разгледување и расправа по барањето доставено и потпишано од Член на Судски совет – Координатор за Врховен суд на Република Северна Македонија, Ханиф Зендели.
2. Расправа по реферат по барање за достава на записник од јавна седница по предметот ОСЖ.бр.3/2021, заведено под 03Су.бр.735/21 од 17.09.2021 година.
По одржана расправа Општата седница:
По првата точка на дневниот ред донесе заклучок по барањето доставено и потпишано од Член на Судски совет – Координатор за Врховен суд на Република Северна Македонија.
По втората точка на дневниот ред донесе заклучок по барањето за достава на записник од јавна седница по предметот ОСЖ.бр.3/2021.