Адеми за магазинот „Економија и бизнис“: Без правна сигурност не може да има стабилна економија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Адеми за магазинот „Економија и бизнис“: Без правна сигурност не може да има стабилна економија
„Како претседателка на највисокиот суд во државата очекувам посветеност кон начелата на владеењето на правото, промена на правната култура и исполнување на европските стандарди. Владеењето на правото подразбира правна сигурност за граѓаните, заштита на правата и слободите, стабилност на економијата и европска иднина на државата. Очекувам континуитет во ентузијазмот на Врховниот суд кој дава нов елан на судството преку заложбите што носат општествени промени. Тоа е одлика на силната верба во идеалите на правдата, инспиративните правни постулати и солидарноста со јавноста. Како граѓанин очекувам нова општествена енергија, хармонија и благосостојба. Очекувам праведно општество, силна борба против насилството и стереотипите, бескомпромисна борба корупцијата и загрозувањето на здравата животна средина за што и Врховниот суд утврди начелен став, потоа унапреден здравствен, административен и инфраструктурен систем, како и севкупен прогрес на правно-економски и социолошко-културен план“, истакнува претседателката на Врховниот суд за магазинот „Економија и бизнис“ во врска со очекувањата во новата 2025 година.