Сооопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Сооопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  04.4.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 04.04.2022 година (понеделник), одржа електронска седница на Одделот за граѓански дела преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

          

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 28.02.2022 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец февруари 2022 година;

3. Разгледување на барањето на Ана Петровски адвокат од Скопје, за донесување на правно мислење за прашањето, дали преддоговорот за купопродажба на недвижен имот во кој е договорено дека цената ќе се плати на денот на склучување на главниот договор, обврзува плаќање на цената и без да се склучи главниот договор, односно дали продавачот може со тужба за долг да бара само исплата на цена без притоа да бара истовремено склучување и на главен договор;

4. Разгледување на барањето на Лидија Апостолова од Скопје, за воедначување на судската практика по однос на давањето третман на договорот за здружување на средства за изградба на станбени згради како бестоварен или товарен договор;

5. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06.10.2021 година, за донесување на правно мислење за прашањето кој е активно легитимиран да поднесе тужба за регресен долг од неосигурано возило, Националното биро за осигурување или осигурителната компанија која ја надоместила штетата;

6. Разгледување и усвојување на сентенца по предметот Рев2.бр.594/2021; 

По одржаната расправа:

По однос на првата точка на дневниот ред, Одделот го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 28.02.2022 година;

По однос на втората точка на дневниот ред, Одделот го усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец февруари 2022 година;

По однос на третата точка од дневниот ред, се донесе заклучок дека не се исполнети условите Одделот за граѓански дела да расправа по поставеното правно прашање;

По однос на четвртата точка од дневниот ред, Одделот донесе заклучок дека не се исполнети условите Одделот за граѓански дела да расправа по поднесеното барање за вооедначување на судската практика;

По однос на петтата точка од дневниот ред, Одделот донесе заклучок дека нема основ Одделот за граѓански дела да расправа и усвои правно мислење по иницијатива  - предлог на судија на апелационен суд;

По однос на шестата точка од дневниот ред, Одделот усвои сентенца по предметот Рев2.бр.594/2021;

 

 

                                                                                    Оддел за граѓански дела

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_