Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас
На работната средба, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, го запозна амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас со надлежностите, активностите и заложбите на Врховниот суд кои се однесуваат на владеењето на правото, судските реформи и примената на европските стандарди.
Амбасадорот Рокас ја истакна значајната улога на Врховниот суд на Република Северна Македонија, нагласувајќи дека за Република Северна Македонија владеењето на правото е фундаментален услов за европскиот пат и обезбедувањето на европската иднина на државата и граѓаните.
Претседателката на Врховниот суд ја потенцираше континуираната поддршка и соработка со Европската Унија и дека е неопходно препораките, советите и укажувањата на Унијата во делот на правосудството да се имплементираат со засилена динамика.
Исто така, на средбата се говореше и за активностите на Врховниот суд кои се позитивно нотирани во извештаите на Европската унија, а се однесуваат на унапредувањето на судската практика, конзистентноста на судските одлуки и применувањето на принципите на отвореното судство.
Во таа насока, на работната средба беше нагласено дека Врховниот суд на Република Северна Македонија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија ќе продолжат со взаемната соработка која и во иднина интензивно ќе се продлабочува во интерес на владеењето на правото, правдата и граѓаните.