Претседателката на Врховниот суд оствари посета на Апелациониот суд Битола и на основните судови Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и Струга [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд оствари посета на Апелациониот суд Битола и на основните судови Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и Струга

Новости  |  04.6.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари посета на Апелациониот суд Битола и на основните судови Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и Струга.

Во рамки на посетите, претседателката Адеми оствари средби со В.Д. претседателот на Апелациониот суд Битола, Александар Камбовски, претседателката на Основниот суд Прилеп, Јасмина Шишковска-Стојковиќ, претседателката на Основниот суд Битола, Татјана Петровска, претседателката на Основниот суд Ресен, Емељ Кранли Али, претседателот на Основниот суд Охрид, Васил Баткоски и В.Д. претседателот на Основниот суд Струга, Вулнет Винца.

Претседателката на Врховниот суд и претседателите на судовите разговараа за повеќе прашања од значење за работата на судовите, за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат судовите, а во насока на потребата од обезбедување на судиски и стручен кадар, зголемување на буџетот за судовите и на судството во согласност со начелото за финансиска независност, функционалноста и одржувањето на судските згради, обезбедениот пристап за граѓаните и странките, транспарентноста согласно заложбите на Советот за отворено судство, потребата од интензивирање на средбите и состаноците за унапредување на судската практика, постапувањето со архивскиот материјал и за примената на информатичката технологија во судовите.

На работните посети се говореше и за нотираните проблеми во извештаите за работата на судовите со посебен фокус на ефикасноста, ажурноста, постапувањето по предметите од јавен интерес, отчетноста, отвореноста и преземањето активности за реализирање на капиталните инвестиции.

Исто така, на средбите со претседателите беше истакната важноста на прашањето за воедначување на судската практика, потребата од поголема вклученост на судството во расправите и креирањето на законските решенија од областа на правосудството и потребата од доследно почитување на законски лимит за финансирањето на судството.

Претседателката Адеми потенцираше дека од круцијално значење е судовите взаемно да соработуваат во согласност со начелото на професионалност и солидарност, а со цел заеднички да се остварат заложбите за независно судство.


 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_