Меморандум за формирање на Координативно тело за следење на конзистентноста и подобрување на легислативата
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Меморандум за формирање на Координативно тело за следење на конзистентноста и подобрување на легислативата
News
|
Mar 3, 2020
Во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 2 март 2020 година, од страна на ВД претседателот на Врховниот суд, м-р Фаик Арслани, претседателот на Вишиот управен суд и претседателите на апелационите судови, се потпиша Меморандум за формирање на Координативно тело за следење на конзистентноста и подобрување на легислативата.
Целта на овој Меморандум е формирање на Координативно тело за следење на конзистентноста и подобрување на легислативата од страна на високите судови во функција на изнаоѓање решенија за поефикасна и ефективна легислатива и воедначување на примената на законите.
Потпишувањето на Меморандумот за соработка како и активностите поврзани со реализација на неговите цели се поддржани од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија“ која е имплементирана од Центарот за правни истражувања и анализи и е финансирана од Британската амбасада Скопје.