Тркалезна маса за начелниот став на Врховниот суд за загадувањето на воздухот и заштитата на животната средина [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Тркалезна маса за начелниот став на Врховниот суд за загадувањето на воздухот и заштитата на животната средина

News  |  Dec 4, 2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, и судијата на Врховниот суд, д-р Џемали Саити, учествуваа на Tркалезната маса ,,Улогата на судовите при заштитата на животната средина”, во организација на Центарот за правни истражувања и анализи.

На Тркалезната маса беше истакнато дека со начелниот став на Врховниот суд се поставува силна правна основа за заштита на правото на граѓаните за здрава животна средина во смисла на тоа дека државата е задолжена да преземе конкретни мерки за заштита на животната средина, а граѓаните добиваат можност да бараат судска заштита против државата за загадувањето, доколку постои неисполнување на законските обврски.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, нагласи дека  само преку правна држава и владеење на правото може да се заштитат човековите права, вклучувајќи го и правото на здрава животна средина и дека начелниот став на Врховниот суд ги изразува заложбите на Врховниот суд за заштита на човековите права согласно европските стандарди.

Согласно националната и меѓународна правна регулатива, државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух. Правото на здрава животна средина е загарантирано во Уставот и законите, а пред судовите се заштитуваат правата и слободите на граѓаните“, истакна Адеми.

Судијата Џемали Саити истакна дека начелниот став на Врховниот суд е силна порака до сите државни институции за нивните обврски во однос на заштитата на животната средина и дека мора да се почитуваат одговорностите кон граѓаните.

Во остварувањето на правото на здрава животна средина се применуваат одредбите од Законот за управните спорови, кои обезбедуваат судска заштита од незаконски акти и дејствија“, образложи Саити во контекст на утврдениот Начелен став на Врховниот суд.

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_