Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Мартин Ераковиќ од Охрид, преку полномошник Христијан Спировски, адвокат од Охрид.
2. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Трговско друштво за транспорт шпедиција и трговија увоз-извоз „МТ ИНТЕРНАТИОНАЛ“ ДООЕЛ Охрид, преку полномошник Христијан Спировски, адвокат од Охрид.
3. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Благоја Пандовски, адвокат од Скопје.
4. Давање мислење по Предлог - Закон за помилување, доставен од Министерство за правда.
5. Именување членови на Советот за одлучување по жалбата изјавена против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
6. Давање мислење по предлог за измена на Методологијата со индикатори за утврдување на сложеноста на предметите.
7. Именување членови на Советот за одлучување по жалба, по барање за повторување на постапка по повод пресуда на ЕСЧП.
8. Расправа по Иницијатива за утврдување начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Седница на судии при Основен суд Кочани.