Делегација на Врховниот суд на Република Северна Македонија во официјална посета на Врховниот суд на Република Србија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Делегација на Врховниот суд на Република Северна Македонија во официјална посета на Врховниот суд на Република Србија

Press realeses  |  Apr 7, 2022
Делегација на Врховниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на судот, Беса Адеми, е во официјална посета на Врховниот суд на Република Србија.

 

Во состав на делегацијата Врховниот суд на РСМ се: Судијата Цветанка Периќ, заменик-претседател на судот и претседател на Одделот за казниви дела; судијата м-р Снежана Бајлозова, претседател на Одделот за судска практика; судијата д-р Мирјана Лазарова - Трајковска, претседател на Одделот за судење во разумен рок; и  шефот на кабинет на претседателот на Врховниот суд на РСМ, м-р Лидија Таневска - Јадровска.

Во рамки на посетата, претседателот на Врховниот суд на РСМ и членовите на делегацијата остварија средба со претседателот на Врховниот суд на Република Србија, Јасмина Васовиќ, и со претседателите на оддели на Врховниот суд на Република Србија.

На билатералната средба, претседателите Адеми и Васовиќ истакнаа дека средбата е одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу двата врховни суда и претставува солидна основа да се разменат искуства за функционирањето на судските системи на двете соседни држави.

„Продлабочувањето на нашата соработка ќе даде значаен придонес во споделување на ставови за идентификување на добри практики и промовирање на идеја за модернизација на правните системи, но исто така е можност да се дискутира за актуелните правни прашања во регионот од областа на кривичната и граѓанската материја, како и од областа на воедначувањето на судската практика“, истакна претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми.

Во таа насока, на средбата посебен акцент се стави на актуелната тема од регионално значење и интерес „Конфискација на бесправно стекнат имот во кривична постапка“, а воедно се говореше и за прашањата кои се однесуваат на започнатите правосудни реформи со фокус на зајакнувањето на положбата на судската власт. Исто така, беа споделени и компаративните искуства во врска со финансиската независност на судството како исклучително важен сегмент за независноста и за ефикасноста на целокупниот судскиот систем.

На средбата беше заклучено дека ваквите средби даваат огромен придонес во разменувањето на мислења и ставови за независноста и за самостојноста на судството како основа за владеење на правото, што, пак, е во насока на силните заложби за интензивирање на регионалната соработка како важен момент во приближувањето кон европските стандарди и практики.

   


Decision search

Court
Case number
Date
_