Претседателката на Врховниот суд оствари посета на основните судови Куманово, Крива Паланка и Кратово
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд оствари посета на основните судови Куманово, Крива Паланка и Кратово
Претседателката Адеми оствари средба со претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев, со судијата од Основниот суд Крива Паланка, Лоза Илиевска и со судијата од Основниот суд Кратово Ружица Здравковска.
На работните посети се говореше за повеќе прашања кои се значајни за работењето и функционирањето на судовите, особено за прашањата кои се однесуваат на финансиска независност, обезбедувањето на судски и стручен кадар, ажурноста и ефикасноста, реализирањето на капиталните инвестициии проекти, одржувањето на судските згради, пристапноста на граѓаните, отвореноста и транспарентноста, архивирањето на предметите, употребата на информатичката технологија и потребата од континуирана соработка на судовите.
Претседателката Адеми на средбите истакна дека Врховниот суд на Република Северна Македонија и пониските судови мора да имаат континуирана и поголема соработка како заначен придонес во остварувањето на заедничките заложби.