Во Врховниот суд, врз основа на заложбите на Советот за отворено судство, подготвени се нови сервиси за социјалните права на граѓаните [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Во Врховниот суд, врз основа на заложбите на Советот за отворено судство, подготвени се нови сервиси за социјалните права на граѓаните

Новости  |  12.6.2024
Преку националната платформа за интероперабилност во Врховниот суд подготвени се нови сервиси за размена на податоци кои граѓаните ги побаруваат во врска со остварувањето на нивните социјални права, кои наскоро ќе бидат ставени во функција.

 

Врз основа на заложбите и активностите на Советот за отворено судство и стратешките и програмски определби за унапредена транспарентност, Врховниот суд пристапи кон овој значаен проект во координација со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на Светска банка.

Проектот ќе овозможи пристапност на граѓаните до информациите кои им се потребни, а користењето на сервисите особено ќе се однесува на ранливите категории на граѓани и истите ќе бидат поставени на платформата како дел од националниот каталог на сервиси кои судовите ги овозможуваат преку Врховниот суд на Република Северна Македонија, како централна точка за комуникација.

Во врска со започнувањето на користење на сервисите, во Центарот за информатика на Врховниот суд беше презентиран начинот на електронската размена на податоци која има за цел и во понатамошниот период да обезбеди олеснет пристап на информации до граѓаните.

На презентацијата на проектот присуствуваа претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, службата за информатика при Врховниот суд и претставници од проектот. Во рамки на презентацијата беше истакнато дека ваквите активности даваат голем придонес за отвореното судство и за работата на Советот за отворено судство, како и дека за реализација на активностите од големо значење е соработката со релевантните институции.

Врховниот суд и во следниот период ќе продолжи со преземање на активности за унапредување на транспарентноста на судовите во Република Северна Македонија, во согласност со своите законски надлежности и програмски определби на Советот за отворено судство.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_