Соопштение од одржана седница на Одделот за судење во разумен рок [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за судење во разумен рок

Новости, Соопштенија за јавност  |  12.7.2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 11.07.2024 година, одржа седница на Одделот за судење во разумен рок, на која беше предложен и прифатен следниот:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Усвојување на Предлог - записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок, одржана на ден 02.07.2024 година.

2. Продолжување на расправата по предметот ПСРРУ.бр7/24

- прилог: судска пракса на ВСРСМ

 

По одржаната расправа:

 

По првата точка од дневниот ред, се усвои Записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок одржана на ден 02.07.2024 година;

 

По втората точка од дневниот ред, по обемната дискусија на членовите на Одделот и разгледување на судската пракса на ВСРСМ, донесен беше заклучок за ,,Усогласување на праксата на Врховниот суд на Република Северна Македонија со праксата на Европскиот суд за човекови права, по однос на постапка по барање за упис во Именикот на адвокати“.

 

По усогласување на текстот на заклучокот истиот ќе биде објавен на веб-страницата на ВСРСМ.


 


 


 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_