Прва официјална средба на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со амбасадорот на Кралството Шпанија
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Прва официјална средба на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со амбасадорот на Кралството Шпанија
![](/wps/wcm/connect/vsrm/7b70fe5c-68bd-4163-ae1c-0d5203b3c12f/%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0+%D1%81%D0%BE+%D1%88%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%80+2.png?MOD=AJPERES&CACHEID=ROOTWORKSPACE.Z18_L8CC1J41L0B520APQFKICD0CU3-7b70fe5c-68bd-4163-ae1c-0d5203b3c12f-oeN8FTI)
![](/wps/wcm/connect/vsrm/7b70fe5c-68bd-4163-ae1c-0d5203b3c12f/%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0+%D1%81%D0%BE+%D1%88%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%80+2.png?MOD=AJPERES&CACHEID=ROOTWORKSPACE.Z18_L8CC1J41L0B520APQFKICD0CU3-7b70fe5c-68bd-4163-ae1c-0d5203b3c12f-oeN8FTI)
![](/wps/wcm/connect/vsrm/e438f2c4-8050-41a0-87f7-5b2c7c95d305/%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0+%D1%81%D0%BE+%D1%88%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%80+3.png?MOD=AJPERES&CACHEID=ROOTWORKSPACE.Z18_L8CC1J41L0B520APQFKICD0CU3-e438f2c4-8050-41a0-87f7-5b2c7c95d305-oeN8FTI)
![](/wps/wcm/connect/vsrm/f137b226-bb5a-484f-8f08-c7ed55666402/%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0+%D1%81%D0%BE+%D1%88%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82+%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%80+4.png?MOD=AJPERES&CACHEID=ROOTWORKSPACE.Z18_L8CC1J41L0B520APQFKICD0CU3-f137b226-bb5a-484f-8f08-c7ed55666402-oeN8FTI)
![](/wps/wcm/connect/vsrm/018611f3-2491-489f-a211-0761da51775c/%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0+%D1%81%D0%BE+%D1%88%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%80+5.png?MOD=AJPERES&CACHEID=ROOTWORKSPACE.Z18_L8CC1J41L0B520APQFKICD0CU3-018611f3-2491-489f-a211-0761da51775c-oeN8FTI)
![](/wps/wcm/connect/vsrm/dbafd6fa-cd80-490c-a1ff-ff625e0431ee/%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0+%D1%81%D0%BE+%D1%88%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%80+2.png?MOD=AJPERES&CACHEID=ROOTWORKSPACE.Z18_L8CC1J41L0B520APQFKICD0CU3-dbafd6fa-cd80-490c-a1ff-ff625e0431ee-oeN8FTI)
Претседателот на Врховниот суд го запозна амбасадорот на Кралството Шпанија со положбата, структурата и функционирањето на Врховниот суд како највисок суд во државата кој во согласност со своите уставни и законски надлежности обезбедува единство во примената на законите од страна на судовите.
На средбата беа потенцирани улогата и заложбите на Врховниот суд во унапредувањето на судската практика, особено во поглед на примената на стандардите и практиката на Европскиот суд за човековите права.
Говорејќи за улогата на Врховниот суд на Шпанија, амбасадорот Хосе Луис Лозано Гарсија, истакна дека Врховниот суд на Шпанија како и Врховниот суд на Република Северна Македонија имаат надлежност во воедначување на судската практика што претставува одлична основа за зголемена соработка и размена на искуства помеѓу двата највисоки суда.
Исто така, на средбата беше нагласено дека покрај взаемната институционална соработка и соработката со Европскиот суд за човековите права во Стразбур, голем предизвик за Врховниот суд на Република Северна Македонија во иднина ќе биде и соработката со Судот на правдата на Европската Унија во Луксембург.
Во таа насока, од страна на амбасадорот на Кралството Шпанија беа истакнати силните заложби на шпанската влада и на највисокиот суд во Шпанија во поддршката на процесот за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската унија.