Активностите на Врховниот суд позитивно нотирани во новиот Извештај на ОБСЕ за набљудувањето на судските процеси [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Активностите на Врховниот суд позитивно нотирани во новиот Извештај на ОБСЕ за набљудувањето на судските процеси

News  |  Jun 5, 2024
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) го објави Извештајот од набљудувањето на судските процеси во Западен Балкан „Од хартија до практика - Евалуација на ефективноста на правосудниот одговор на сериозниот организиран криминал и корупција”. Овој Извештај беше изработен како дел од активностите на „Регионалниот проект за набљудување на судски процеси – справување со организираниот криминал и корупција во Западен Балкан“ кој е финансиран од Европската Унија.

                  

 

Како една од позитивните активности на Врховниот суд на Република Северна Македонија се нотира донесувањето на начелниот став во кој се наведува дека судовите треба да ги објавуваат неправосилните пресуди и одлуки, особено во случаи на висок јавен интерес.

Во Извештајот се истакнува дека пристапот до писмени пресуди претставува предизвик што се должи на спротивставени законски одредби и се образложува дека согласно Законот за судовите и Законот за управување со движењето на предметите во судовите, на судовите им се забранува јавно да ги објавуваат писмените пресуди, освен ако тие не се правосилни. Ова е спротивно на ЗКП, кој наложува сите судски пресуди да бидат јавни и достапни во електронска или печатена форма.

Во таа насока, во Извештајот се истакнува значењето на начелниот став на Врховниот суд од декември 2022 година, во кој се утврдува објавување на неправосилни одлуки, особено во случаи од јавен интерес.

Според Законот за судовите, една од надлежностите на Врховниот суд е да утврдува, во текот на неговата општа седница, начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единството во примената на законите од страна на судовите.

Исто така, меѓу другото, во Извештајот се истакнува и значењето и потребата од заедничките работни состаноци помеѓу Врховниот суд и апелационите судови и давањето приоритет на подобрувањето на квалитетот на одлуките.

Во извештајот, се нагласува и значењето и потребата од издавањето на збирки со добри примери на одлуки и пресуди и се нагласува значењето од заедничката соработка на Центарот за ИТ во Врховниот суд со Советот за ИКТ во правосудните органи, а во насока на зајакнување на квалитетот и сигурноста на системите за тонско и визуелно - тонско снимање во судницата.

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_