Претседателката на Врховниот суд со обраќање на јавниот настан посветен на Партнерството за отворена власт
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд со обраќање на јавниот настан посветен на Партнерството за отворена власт
Претседателката Адеми во своето обраќање истакна дека Врховниот суд на Република Северна Македонија е првата институција во правосудството која ja прифати Иницијатива за Отворено судство, согледувајќи ја потребата за обезбедување на рамнотежа помеѓу трите власти со цел обезбедување и достапност на информациите до граѓаните во постигнување на ефикасна и ефективна правда.
Адеми во своето обраќање ја нагласи интензивната соработка со граѓанските организации кои се дел од Советот за отворено судство и со кои со заеднички заложби се реализираа планираните активности.
Претседателката на Врховниот суд посебно го истакна големото охрабрување и поддршка на Европската унија за работата на Советот за отворено судство. Адеми ги посочи и утврдените начелни ставови на Врховниот суд кои се засновани на заложбите и целите на Советот за отворено судство и кои се значаен придонес за унапредување на транспарентноста.
„Отвореното судство како дел од отвореното партнерство на власт ќе послужи како механизам за подобрување на статусот на судството утврден во Уставот и законите, во обезбедување на услови за целосно почитување на начелото за независност во сите облици, институционална, функционална и финансиска и ќе претставува основа за целосна отвореност на судовите кое е клучно за зголемување на позитивното мислење на граѓаните. Поддршката која како судство ја даваме на концептот на партнерството за Отворена власт е со цел обезбедување ефикасна и ефективна правда, како и механизам кој ќе придонесе да се зголеми отвореноста на судовите и довербата на граѓаните во чија служба е и самото судство“, истакна Адеми.