Врховниот суд одржа Седница на судии на која се разгледаа повеќе прашања за работата на судот и унапредувањето на судската практика [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд одржа Седница на судии на која се разгледаа повеќе прашања за работата на судот и унапредувањето на судската практика

News, Press realeses  |  May 10, 2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 9.05.2024 година одржа Седница на судии.

       

 

На Седницата на судии се разгледаа повеќе прашања кои се од значење за функционирање на Судот во делот на работата на одделите и судските писарници, примената на интерните акти и внатрешните процедури и реализираниот план за новата техничка опрема во согласност со стандардите за заштита на личните податоци, класифицираните информации и архивскиот материјал.

Воедно, претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, на Седницата на судии истакна дека Врховниот суд продолжува со организацијата на средбите со четирите апелациони судови во врска со воедначувањето и унапредувањето на судската практика како една од клучните активности и заложби на Врховниот суд согласно уставните и законските надлежности.

Интензивирањето на средбите со четирите апелациони судови ќе започне со средбата која ќе се реализира на почетокот на месец јуни и ќе продолжи во текот на целата година. Прашањето за воедначувањето на судската практика е една од темите кои се дискутираат и при редовните посети на претседателката на Врховниот суд на пониските судови од сите апелациони подрачја во државата.

 

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_