Врховниот суд: Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење и неопходно е приоритетно да се постапува [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд: Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење и неопходно е приоритетно да се постапува

News, Press realeses  |  Dec 10, 2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија одржа Седница на судии.

Врховниот суд на Република Северна Македонија како највисок суд во државата целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава. Соединетите Американски Држави даваат континуирана поддршка и исклучителен придонес за правосудството, кој е заснован на правните начела и демократските вредности.

Нотираните податоци и укажувања во Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење за заштитата на независноста на судството и борбата против корупцијата. Во таа насока, а во врска со нотираната корупција, неопходно е приоритетно да се постапува во согласност со законите и институционалните надлежности што е клучно за интегритетот на судството, остварувањето на целите на правдата и јакнење на јавната доверба. Недозволиво е да се поткопуваат темелите на судската власт преку политички влијанија, притисоци и коруптивни дејствија.

 

                                                                                                                     Врховен суд

                                                                                                   на Република Северна Македонија

                                                                                                                  Седница на судии

 

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_