Претседателката на Врховниот суд оствари посета на основните судови Велес, Неготино, Кавадарци и Гевгелија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд оствари посета на основните судови Велес, Неготино, Кавадарци и Гевгелија

News  |  Jul 24, 2024
Во рамки на работните посети, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари средби со заменик - претседателката на Основниот суд Велес, Виолета Мојсова и со судијата Аница Теова, со заменик - претседателoт на Основниот суд Неготино, Ацо Анѓелковски, со В.Д. претседателката на Основниот суд Кавадарци, Елизабета Петковска, и со претседателката на Основниот суд Гевгелија, Марица Аврамчева Зафирова.

На работните посети се говореше за повеќе прашања кои се значајни за работата на судовите кои се однесуваат на потребата од обезбедување на судски и стручен кадар и унапредувањето на ажурноста и ефикасноста.

На средбите се говореше и за реализирањето на капиталните инвестиции и проекти, одржувањето на судските згради и пристапноста до граѓаните.

Исто така, на средбите се говореше и за отвореноста и транспарентноста, архивирањето на предметите, употребата на информатичката технологија и потребата од континуирана соработка на судовите.

Во таа насока, на работните состанoци беше потенцирано дека Врховниот суд како највисок суд во државата и во идниот период ќе дава поддршка на заложбите за унапредено судство и на активностите кои се засноваат на начелото на владеењето на правото и независност на судството, од законодавен, функционален и финансиски аспект.


 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_