Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Соопштенија за јавност
|
20.5.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 19.05.2022 година (четврток) одржа електронска Општа седница преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот предлог на:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Измена на одлуката за именување членови на Советот за одлучување по жалбата изјавена против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
По одржаната расправа, Општата седница:
По точката на дневниот ред донесе одлука за измена на одлуката за именување членови на Советот за одлучување по жалбата изјавена против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.