Врховниот суд го усвои Годишниот извештај и ја донесе Програмата за работата на судот
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Врховниот суд го усвои Годишниот извештај и ја донесе Програмата за работата на судот
Според податоците во Извештајот, Врховниот суд на Република Северна Македонија извештајната 2024 година ја заврши како ефикасен суд, приливот на предмети е совладан, а заостатокот е намален.
Врховниот суд на Република Северна Македонија во 2024 година презема бројни активности за унапредување на судската практика со утврдување на начелни ставови за унапредување на транспарентноста, примената на Европскaта конвенција и европските стандарди, прашања кои се однесуваат на заштитата на правата и слободите на граѓаните, заштитата на животната средина и конзистентноста на судските одлуки и усогласеноста на судската практика.
Во 2024 година Општата седница донесе измени на Деловникот со кои Општата седница е отворена за јавноста согласно принципите за отворено судство и согласно заложбите за зајакнување на јавната доверба. Согласно начелото на судска солидарност и врз основа на законските надлежности, беа остварени посети на сите судови во државата и се реализираа проектите во врска со капиталните инвестиции, мерките за унапредување на информатичкиот систем во судовите и дигитализацијата.
Активностите на Врховниот суд на Република Северна Македонија се позитивно нотирани во Извештајот на Европската унија што преставува голема професионална мотивација и посветеност во работата во интерес на граѓаните, судството, општеството и државата. Врховниот суд на Република Северна Македонија поаѓајќи од податоците во извештајната 2024 година и утврдените програмски задачи ќе продолжи со активностите и заложбите за ефикасност, ажурност и функционална и финансиска независност.
За остварување на оваа цел и врз основа на Програмата за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Врховниот суд ќе продолжи со унапредувањето на судската практика, одржување на општите седници и седниците на судиите, конзистентноста на одлуките, утврдувањето на начелните ставови, правните мислења и заклучоци, преземањето активности за поголема инклузивност, унапредувањето на транспарентноста, зајакнувањето на статусот на судиите и нивниот интегритет, континуирано постапување во согласност со стратешките документи за реформи во правосудниот сектор и за борбата против корупцијата и интензивен пристап кон остварувањето на работните средби и состаноци со пониските судови, како и со четирите апелациони судови на кој ќе се донесуваат заклучоци како значаен придонес во унапредувањето на судската практика.
Извештајот за работата на Врховниот суд на РСМ може да се преземе на следниот линк.
Програмата за работата на Врховниот суд на РСМ може да се преземе не следниот линк.