Соопштение за одржување на седница на Одделот за судска практика
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на седница на Одделот за судска практика
Новости
|
25.12.2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи седница на Одделот за судска практика на ден 26.12.2024 година (четврток), со почеток во 14,00 часот, со следниот предлог на:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Разгледување и усвојување на Записникот од одржана седница на Одделот за судска практика на ден 31.10.2024 година;
2. Разгледување на активностите на општата седница и одделите на Врховниот суд на Република Северна Македонија во текот на 2024 година во насока на воедначување на судската практика преку утврдување на начелни правни ставови, начелни правни милења, правни мислења, заклучоци и сентенци;
3. Информација за организирани средби со апелационите судови во текот на 2024 година, за разгледување на одредени правни прашања и воедначување на судската практика;
4. Разно.