Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал

Новости, Соопштенија за јавност  |  23.2.2024
Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, на која присуствуваа и претставници на Врховниот суд и на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

 

На работната средба се говореше за актуелните прашања од областа на судството, со посебен акцент на потребните реформи од законски и функционален аспект.

Претседателката Адеми истакна дека соработката со Мисијата на ОБСЕ во Скопје е од големо значење и дека активностите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје имаат суштинска улога за прашањата кои се однесуваат на интегритетот и јавната доверба.

Амбасадорот Вал ја нагласи позитивната улога на Врховниот суд и активностите кои ги презема, а се во насока на унапредување на независноста и транспарентноста на судството, што е нотирано и во меѓународните извештаи.

Во таа смисла, на средбата беше потенцирано дека соработката помеѓу Врховниот суд на Република Северна Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје понатаму уште повеќе ќе се продлабочува како исклучителен придонес за владеењето на правото.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_