Врховниот суд и Судско-медиумскиот совет ги промовираа препораките за снимање и фотографирање во судница [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд и Судско-медиумскиот совет ги промовираа препораките за снимање и фотографирање во судница

News  |  Oct 22, 2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија и Судско-медиумскиот совет денеска во Врховниот суд ги презентираа препораките за снимање и фотографирање во судница.

 

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, истакна дека препораките се засновани на заедничките заложби на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Судско-медиумскиот совет за унапредување на судската транспарентност.

 

 

„Препораките ги имаат истите вредности над кои се засновани начелните ставови на Врховниот суд, деловничките измени за јавност на Општата седница и активностите на Советот за отворено судство, а со кои се зајакна транспарентноста на судовите и со кои се даде значаен придонес за судството од повеќе аспекти. Од нив, најзначајни се аспектите за истакнување на улогата на медиумската заедница во едно демократско општество, враќање на јавната доверба и почитувањето на транспарентноста како една од најцврстите гаранции за судската независност и интегритет“, нагласи Адеми.

 

 

Идејата на препораките е највисокиот суд во државата да ги промовира како насоки со кои ќе биде унифицирано снимањето и фотографирањето во судниците во предмети каде што има јавен интерес, а по примерот на Судско-медиумскиот комитет во Масачусетс, САД.

Во таа насока, претседателот на Судско-медиумскиот совет, Васко Маглешов нагласи дека од суштинско значење е правдата да биде задоволена, но и дека правдата треба да биде видлива, што всушност е една од целите на Судско-медиумскиот совет, како тело во кое членуваат и новинари и судии. Во врска со препораките, Маглешов образоложи дека препораките се засновани на искуствата од САД и дека се усогласени со процесните закони и прописи и дека ја олеснуваат работата на новинарите. Претседателот на Судско-медиумскиот совет ја нагласи и потребата од континуирана соработка на судиите и новинарите во интерес на граѓаните и јавноста.

 

 

Вирџинија Елиот, директорка на ИНЛ во Амбасадата на САД, посочи дека преку транспарентноста се зајакнува јавната доверба, но воедно се зајакнува и довербата помеѓу судиите и новинарите. Елиот додаде дека Амбасадата на САД, поаѓајќи од овие вредности, е партнер во заложбите за отчетно и ефикасно судство согласно принципите на владеењето на правото.

 

 

Судијата Џемали Саити, во чиј мандат како претседател на Судско медиумскиот совет беше формирано ова тело, се осврна на почетоците на работата на Советот и за значењето кое го има за унапредување на судската транспарентност. Судијата Саити нагласи дека Судско-медиумскиот совет има големи успеси во работењето и дека во таа насока голем е придонесот и на Врховниот суд бидејќи и највисокиот суд во државата и Судско-медиумскиот совет имаат иста визија.

 

 

Судијата Емилија Шопар Јованова, како актуелен член на Судско-медиумскиот совет, нагласи дека препораките за снимање и фотографирање во судница се значајни за унапредувањето на судската транспарентност, но воедно даваат и голем придонес и за борбата против корупцијата и за независноста на судството.

 

 

Настанот се заокружи со доделување благодарници на Васко Маглешов за посебен придонес за унапредување на судската транспарентност и на директорката Вирџинија Елиот за континуирана поддршка на судската транспарентност.

 

 

Претседателката Адеми од името на Врховниот суд на Република Северна Македонија се заблагодари на нивниот искрен ангажман и напори за унапредување на судската транспарентност, нагласувајќи дека само преку искрените заложби и волја може да се исполнат стандардите за современо и отворено судство.

 

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_