Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со Извршниот директор на CEELI Институтот [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со Извршниот директор на CEELI Институтот

Новости  |  22.11.2024
Соработката помеѓу CEELI Институтот и Врховниот суд во следниот период ќе биде интензивирана

  

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари работна средба со Извршниот директор на CEELI Институтот, Роберт Странг. На средбата беа потенцирани заложбите на Врховниот суд на Република Северна Македонија за унапредување на независноста и транспарентноста на судството и активностите кои ги презема за зајакнување на меѓународната соработка како еден од клучните фактори за применувањето на современите стандарди во судските системи.

Претседателката Адеми од името на Врховниот суд ја изрази благодарноста на CEELI институтот кој преку своите активности дава исклучителен придонес за правната едукација, поддршката на правосудните институции и одржувањето на меѓународни настани посветени на теми и прашања кои се однесуваат на владеењето на правото, независноста на судството и имплементацијата на европските стандарди.

Извршниот директор на CEELI Институтот ги поздрави резултатите на Врховниот суд на Република Северна Македонија и во таа насока подвлече дека соработката помеѓу CEELI Институтот и Врховниот суд во следниот период ќе биде интензивирана и продлабочена со што ќе се создадат одлични можности за размена на искуства и идеи.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_