Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Новости  |  26.12.2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 25.12.2024 година одржа Општа седница со следниот :

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Расправа по Заклучок на Одделот за казниви дела, за правното прашање: „Дали во фаза на истрага, по предлог за укинување/замена на мерката притвор, одлука донесува судијата на претходна постапка или во зависност од стадиумот на постапката, советот кој е надлежен да одлучува за продолжувањето на мерката притвор“.

2. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелно правно мислење поднесена од Александар Варела, адвокат од Скопје.

3. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од м-р Кирил Петрески, адвокат од Прилеп.

4. Расправа по Иницијатива за утврдување начелен став и начелно правно мислење поднесена од адвокатско друштво ЛАЗОВА БАДЕВА, преку законски застапници Надица Бадева-Ќортошева и Дане Лазов, адвокати од Скопје.

5. Расправа по Иницијатива за утврдување начелно правно мислење поднесена од Ристо Новакоски адвокат од Охрид - Адвокатско друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски од Охрид.

6. Мислење за Годишниот распоред за работа на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2025 година.

По одржаната расправа:

По првата точка од дневниот ред донесе Заклучок дека не се исполнети условите предвидени во Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија и предметот по Барањето за заштита на законитоста да се врати на одлучување пред надлежниот совет.

По втората точка од дневниот ред донесе Заклучок со кој Иницијативата за утврдување на начелно правно мислење поднесена од Александар Варела, адвокат од Скопје, не се усвојува.

По третата точка од дневниот ред, донесе Заклучок да се доработи рефератот.

По четвртата точка од дневниот ред, расправата се одложи.

По петтата точка од дневниот ред, расправата се одложи.

По шестата точка од дневниот ред, се прибави Мислење од Општата седница за годишниот распоред за работа на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2025 година, согласно член 39 став 4 и членот 88 ст.3 од Законот за судовите како и согласно член 112 став 1 од Судскиот деловник.

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_