Адеми: Инклузивниот процес и препораките на Оценската мисија на ЕУ се одлична основа за Комуникациската стратeгија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Адеми: Инклузивниот процес и препораките на Оценската мисија на ЕУ се одлична основа за Комуникациската стратeгија

News  |  Mar 21, 2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија учествуваше на работилница за изработка на Коминикациската стратегија на Судскиот совет и судовите на Република Северна Македонија (2024-2028).

 

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, истакна дека подготовката на Комуникациската стратегија е неопходна за спроведувањето на Акцискиот план за спроведување на препораките на Оценската мисија на ЕУ кои се однесуваат на отчетноста и во таа насока ги поздрави заложбите на Судскиот совет за унапредување на транспарентноста.

Во врска со активностите на Врховниот суд, Адеми подвлече дека Врховниот суд во согласност со внатрешните процедури има подготвено стратегија и процедури за комуникација со јавноста и дека е посветен кон реализација на проектите и иницијативите согласно Акцискиот план на Советот за отворено судство и соработката со Судско- медиумскиот совет.

Адеми додаде дека споделувањето на мислења, искуства и предлози се одлична основа за подготовка на Комуникациската стратегија и дека суштината на транспарентноста  е да биде заштитник на интегритетот на судството.

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_