Врховниот суд одржа Седница на судии во врска активностите за унапредување на АКМИС системот [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд одржа Седница на судии во врска активностите за унапредување на АКМИС системот

News  |  Oct 15, 2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска одржа Седница на судии на која претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, ги информираше судиите за активностите и мерките што се преземаат за унапредување на АКМИС-системот.

  

 

Претседателката Адеми истакна дека преземените активности се во насока на унапредување на системот за електронската распределба на судски предмети и ажурното постапување по предметите во случаи на намален судиски кадар.

Овие активности подразбираат доследно почитување на принципите на ефикасност и функционалност, со што се дава дополнителен придонес и кон општите начела на судската независност и професионалност“, истакна Адеми.

Воедно, претседателката Адеми ги извести судиите на Врховниот суд дека изминатиот период остварила повеќе состаноци кои се однесуваат на унапредувањето на функционалноста на АКМИС системот и примената на Правилникот за начинот на функционирање на информатичкиот систем во судовите.

На Седницата на судии беше истакнато дека иницијативноста за подобрувањето на информацискиот систем за автоматското управување со судските предмети има општо и позитивно значење за работата на судовите и придобивки од аспект на информатичко-комуникациските технологии.

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_