Претседателот на Врховниот суд на Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во Прага
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателот на Врховниот суд на Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во Прага
На Конференцијата се говори за повеќе важни прашања од областа на судството кои се однесуваат на пристапот до правдата, судството во Украина, судиската етика, улогата и одговорноста на претседателите на врховните судови, алтернативното решавање на судските спорови и за односите сo јавноста и соработката со медиумите.
Говорејќи за транспарентноста на судството, претседателката Адеми во своето обраќање нагласи дека транспарентноста е еден од клучните принципи преку кои се остварува заштитата на јавниот интерес и заштитата на човековите права.
„Транспарентноста и објективното информирање се принципите кои ги упатуваат судството и медиумите на взаемна соработка во име на јавниот интерес. На овој начин се гради меѓусебната доверба, но се гради и довербата на граѓаните кон судството и кон медиумите“, истакна претседателката на Врховниот суд.
Адеми додаде дека во Врховниот суд на Република Северна Македонија направени се значајни квалитативни реформи во поглед на транспарентноста и отвореното судство.
„Во Врховниот суд се основаше Советот за отворено судство и се потпиша Декларација со заложба за зголемена транспарентност на информациите за работа на судството и за олеснување на пристапот до информациите за судството. Значајно е што ова претставува главен новитет во Република Северна Македонија во рамките на глобална иницијатива Отвореното владино партнерство. Со воспоставување на овој концепт, Врховниот суд е првиот носител на судска власт во Европа што пристапува и што учествува во Глобалната иницијатива на Партнерството за отворена власт“, истакна меѓу другото, претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија во своето обраќање.