Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Соопштенија за јавност
|
18.1.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 18.01.2022 година (вторник) одржа електронска Општа седница преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Одлучување по приговор на судија на Основен суд Велес, изјавен против Годишниот распоред за работа на Основен суд Велес за 2022 година, донесен од Претседателот на Основен суд Велес (одложена од 11.01.2022 година).
2. Одлучување по приговор на судија на Основен суд Гевгелија, изјавен против Годишниот распоред за работа на Претседателот на судот и судиите во Основниот суд Гевгелија со судско одделение во Валандово за 2022 година, донесен од Претседателот на Основен суд Гевгелија.
По одржана расправа Општата седница, по точките на дневниот ред донесе решенија со кои наведените приговори се одбиваат.