Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела

Новости, Соопштенија за јавност  |  14.12.2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 12.10.2024 година одржа седница на Одделот за граѓански дела, го измени и усвои следниот:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 31.10.2024 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец септември и октомври 2024 година;

3. Расправа по барањето на Марјанчо Веселиновски од Делчево, за донесување на правно мислење во врска со Законот за експропријација по однос на прашањето дали објектите Големите трговски единици се објекти од јавен интерес и дали врз основа на урбанистички план со кој е планирана градба на Големи трговски единици може да се изгуби сопственост на земјиштетото;

4. Расправа по барањето на Душко Манев адвокат од Радовиш, за донесување на правно мислење по однос на прашањето, дали нотарот како физичко лице, по престанокот на вршењето на службата поради одење во пензија, во судска постапка може да бара наплата на побарувања кои не се наплатени до денот на престанокот на вршење на службата нотар и дали има како физичко лице активна легитимација за водење на такви спорови;

5. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 20.02 2024 година, за воедначување на судската практика за правните прашања кои произлегуваат од примената на одредбите за застареност од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи (Сл.весник на РСМ бр.154/23 од 20.07.2023 година), во предметите оформени по жалби против решенијата на првостепените судови донесени по приговори за незаконитости при извршувањето;

6. Расправа по барањето на адвокат Николче Митевски од Битола, за донесување на правно мислење по однос на прашањето по која основица треба да се пресметуваат трошоците во постапката за утврдување на право и исплата на придонеси за стаж на осигурување со зголемено траење;

7. Расправа по правното прашање во врска со примена на одредбите од Законот за судски такси и Законот за парничната постапка со кои е регулирано плаќањето на судските такси за ревизија и одговор на ревизија при одлучување по предметите по изјавена ревизија;

8. Расправа по правното прашање во врска со примена на одредбите за придружен извештај од Судскиот деловник;

9. Разно;

 

По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:

По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 31.10.2024 година;

По втората точка на дневниот ред, го усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец септември и октомври 2024 година;

По третата точка од дневниот ред, усвои заклучок барањето за донесување на правно мислење да не се усвои;

По четвртата точка од дневниот ред, ја одложи расправата;

По петтата точка од дневниот ред, усвои заклучок барањето за воедначување на судската практика да не се усвои;

По шестата точка од дневниот ред, утврди правно мислење за правното прашање;

По седмата точка од дневниот ред, усвои заклучок за правното прашање;

По осмата точка од дневниот ред, усвои заклучок за правното прашање.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_