Претседателката Адеми учествуваше на дискусијата за Извештајот на ЕУ во врска со Поглавјето 23 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката Адеми учествуваше на дискусијата за Извештајот на ЕУ во врска со Поглавјето 23

Новости  |  25.12.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, имаше обраќање на настанот организиран од Институтот за европска политика и посветен на Извештајот на ЕУ за Поглавјето 23.

 

 

Најцврстиот мост кој ја поврзува Република Северна Македонија и Европската Унија е токму владеењето на правото. И затоа мошне умешно се констатира дека Поглавјето 23 е всушност поглавје за исполнување на европските вредности. Основниот принцип за остварувањето на европските вредности е дијалогот. Тоа е дијалогот за владеењето на правото, за правната државата и за независноста на судството.

Но, тоа е и дијалог помеѓу стручната јавност, дијалог со јавноста, со граѓаните и со граѓанските организации, како и дијалог помеѓу институциите за унапредување на целокупната состојба во правосудството. Таквите вредности како водилка претставуваат основа за практичното и професионалното функционирање и постапување, но истите се произлезени од поширокиот фундамент и идеолошките одредници на правото“, истакна претседателката Адеми во своето обраќање.

На настанот беше нагласено дека Врховниот суд на Република Северна Македонија во Извештајот на Европската унија има позитивни оценки за  унапредувањето на судската практика и новата Збирка на судски одлуки, усогласеноста на судските одлуки, заштитата на човековите права од аспект на здравата животна средина, прашањата поврзани со јавниот интерес, унапредување на транспарентноста и отвореноста на општите седници.

Понатаму, во контекст на правосудството, претседателката Адеми  подвлече дека граѓаните треба да бидат охрабрени дека се исполнуваат целите на правдата, дека не се носат законски решенија кои се неправедни и кои не им служат на интересите на правораздавањето и на борбата против корупцијата.

Она што нанесува најголема штета на јавната доверба е перцепцијата дека не се сите еднакви пред законите. Јавноста не може да се убедува со паушални аргументации кои се спротивни на чувството на правда, а уште помалку на европските вредности. Убедена сум дека ако кон довербата се гледа како кон вредност и услов без кој не се може, ќе успееме во остварувањето на нашите заедничките заложби“, додаде Адеми.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_