Претседателката на Врховниот суд се обрати и учествуваше на VIII-та Регионална судска конференција
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд се обрати и учествуваше на VIII-та Регионална судска конференција
„Говорењето за носечките принципи на владеењето на правото е инспирација за секој судија кој верува во интегритетот како личен принцип и кој постапува со целосна посветеност кон професионалните начела. Голем е предизвикот кога својата професионална кариера ќе ја посветиш на принципите на правото и на интересот на граѓаните од кои извира јавната доверба, но и суверенитетот на државата и општеството. Не може да постои доверба, а најмалку јавна доверба, без да постои личното уверување во вредносните принципи на правдата. Волјата за правда подразбира искреност и доблест.
Тоа е нешто што се носи во личноста, но и нешто што треба да биде потписот на секоја судска одлука. Кога цврсто се верува во овие принципи, тогаш и свечената заклетва има смисла, тогаш и начелата постануваат свети обврски и двигатели на судството како заштитник на правата на човекот и граѓанинот“, истакна претседателката Беса Адеми.
Претседателката на Врховниот суд додаде дека не постои друг начин за јакнење на јавната доверба, освен тоа дека таа мора да е изградена врз чувството на одговорност и врз она што како судии си го поставуваме како императив, а тоа е остварување на целите на правдата и правичното судење.