Врховниот суд одржа седница на судии и заедничка седница на одделите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд одржа седница на судии и заедничка седница на одделите

News  |  May 2, 2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 30.04.2024 година одржа Седница на судии и заедничка седница на оддели.

 

На Седницата на судии и заедничката седница на одделите се разгледаа внатрешните процедури за работата на Одделите при Врховниот суд на Република Северна Македонија како прашање од значење за функционирањето на Судот и прашање кое е од посебен интерес за работата на сите совети.

Со внатрешните процедури за работата на Одделите подготвени од Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија се уредува организирањето на работењето на Судските оддели и советите на одделите во Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Внатрешните процедури за работата на Одделите при Врховниот суд на Република Северна Македонија се составен дел од внатрешните процедури на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Целта на внатрешните процедури за работата на Одделите е да се унапреди во методот и унифицираноста на работата на одделите, а во насока на заложбите за ефикасно и ажурно постапување и одлучување.

Судските оддели во Врховниот суд на Република Северна Македонија, своите надлежности ги остваруваат врз основа на Законот за судовите, Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Судскиот деловник и процесните закони и внатрешните процедури за работата на одделите.

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_