Соопштение од одржана проширена Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана проширена Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 05.07.2023 година одржа проширена Општа седница на која се расправаше по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Кирил Стојановски преку Адвокатско друштво Апостолски од Скопје, заведена под Су-03.бр.895/21 од 06.12.2021 година (одложена од 18.04.2022,15.06.2022 и 21.12.2022 година).
На проширената проширената Општа седница присуствуваа универзитетски професори по право кои дадоа придонес во расправата за точката на дневниот ред. По одржаната расправа, Општата седница донесе Заклучок расправата по Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење поднесена од адвокат Кирил Стојановски преку Адвокатско друштво Апостолски од Скопје, да продолжи на следна Општа седница.