Интензивирање на активностите на Врховниот суд во рамки на проектот за јакнење на борбата против трговија со луѓе
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Интензивирање на активностите на Врховниот суд во рамки на проектот за јакнење на борбата против трговија со луѓе
Новости
|
17.12.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари средба со претставниците на Регионалниот проект на Европската унија „Поддршка на ЕУ за јакнење на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан“.
На средбата се говореше за значењето на активностите на Регионалниот проект и унапредувањето на активностите во рамките на целото судство со што ќе се даде значаен придонес во јакнењето на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе. Во таа насока, на средбата беа разменети голем број на искуства, мислења и идеи кои во следниот период ќе се реализираат преку интензивирање на соработката на Врховниот суд на Република Северна Македонија и експертите од Регионалниот проект.